СИНЏИРОТ НА ДЕЈЗИ

СИНЏИРОТ НА ДЕЈЗИ

book cover
СИНЏИРОТ НА ДЕЈЗИ

Љубов, интрига и подземјето на Коста дел Сол

од

Овен Џоунс

Превод:

Деиксис дооел Скопје

E-BOOK – ISBN: 9788835418160

Меѓутоа, катастрофалното погрешно расудување ќе доведе до семејна трагедија, па мајката на Дејзи ќе ја префрли на побезбеден пат, да помага на локалната заедница за покор. Синџирот на Дејзи е трагична приказна со пријатен среќен крај.

Синџирот на Дејзи – Резиме Џон е богат, сам, бивш гангстер од Ист Енд во Лондон, кој живее во Коста дел Сол во јужна Шпанија. Во медиумите местото одамна го викаат „Коста дел Криминал“, но нему не му е гајле за тоа сѐ додека му е зачуван тивкиот живот. Доволно му е од борби меѓу банди. Еден ден, неговата куќна помошничка и љубовница Тереза му соопштува дека е бремена – нешто што двајцата мислеле дека е невозможно поради нивните години; на Џон му се допаѓа идејата да стане татко по првпат, па ќе се ожени за Тери, по што се раѓа Дејзи. Тој ја сака, но има малку време поради деловните обврски. Таа никогаш не е сигурна дали татко ѝ навистина ја сака, особено откако ќе разбере за неговата репутација на поранешен тврдокорен човек.

Трагедија

По факултет, таа ќе почне со преземање на бизнисите на татко ѝ. Меѓутоа, ќе почне да станува подмолна, сѐ додека еден ден не претера, по што нејзините ќе се најдат во болница по напад за одмазда од нејзин противник, нешто што таа ќе го предизвика со затворање и мачење на еден негов човек. Џон ќе умре од повредите, Тери е сериозно повредена, а нивниот верен телохранител е застрелан. Подоцна се дознава причината за заседата, а доказите упатуваат кон Дејзи. Таа се мачи да се ослободи од обвиненијата, а телохранителот ќе успее да ја оттргне од тоа, иако Тери сака да ѝ го дотера паметот.

Оваа книга е достапна од сите добри книжарници вклучувајќи го и Tektime

Мојата книжарница – My Bookshop

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

%d bloggers like this: